УСЛОВИ НА ДОГОВОРОТ И ДРУГИ ВАЖНИ НАПОМЕНИ - FYROM(Macedonian)

Print

 

УСЛОВИ НА ДОГОВОРОТ И ДРУГИ ВАЖНИ НАПОМЕНИ

 

СИТЕ ПАТНИЦИ ЧИЕ ПАТУВАЊЕ ВКЛУЧУВА КРАЈНА ДЕСТИНАЦИЈА ИЛИ ЗАПИРАЊЕ ВО ДРУГА ЗЕМЈА КОЈА НЕ Е ЗЕМЈА НА ПОЛЕТУВАЊЕ, СЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ ДЕКА ОДРЕДЕНИ  МЕЃУНАРОДНИ СПОГОДБИ, ПОЗНАТИ КАКО МОНТРЕАЛСКА КОНВЕНЦИЈА, ИЛИ НЕЈЗИНАТА ПРЕТХОДНИЧКА, ВАРШАВСКАТА КОНВЕНЦИЈА, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ И НЕЈЗИНИТЕ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА (СИСТЕМ НА ВАРШАВСКА КОНВЕНЦИЈА), МОЖАТ ДА СЕ ПРИМЕНУВААТ ЗА ЦЕЛО ВРЕМЕ НА ПАТУВАЊЕТО. ОДГОВОРНОСТА НА ПРЕВОЗНИКОТ ЗА ОВИЕ ПАТНИЦИ Е УРЕДЕНА И ЕВЕНТУАЛНО Е ОГРАНИЧЕНА СО АКТУЕЛНАТА КОНВЕНЦИЈА И СО ПОСЕБНИТЕ ДОГОВОРИ ЗА ПРЕВОЗ КАКО ДЕЛ ОД ТАРИФИТЕ КОИ СЕ ПРИМЕНУВААТ.

 

НАПОМЕНА за ограничување на одговорноста

 

Системот на Монтреалската или на Варшавската конвенција може да се применува на вашето патување, овие конвенции се меродавни и истите можат да ја ограничат одговорноста на воздушните превозници во случај на смрт или на телесна повреда на патници, за губење или оштетување на багаж како и за доцнење.

 

Таму каде што се применува Монтреалската конвенција, ограничената одговорност изнесува:

  1. Не постои ограничување во финансиска смисла во случај на смрт или на телесна повреда.
  2. 1.131 специјални права на влечење по патник за повеќето случаи (приближно EUR 1.200; US$ 1.800) во случај на уништен, изгубен, оштетен или на багаж кој не стигнал на време.
  3. 4.694 специјални права на влечење (приближно EUR 5.000; US $ 7.500) по патник, во повеќето случаи за штета предизвикана заради доцнење во превозот на патници.

 

Уредбата на ЕУ бр. 889/2002 бара од превозниците од Европската унија да ги применуваат одредбите на Монтреалската конвенција за ограничување на одговорноста на севкупниот воздушен превоз на патници и на нивниот багаж остварен на нивните линиите. Многу превозници надвор од Европската унија исто така го одбрале тој начин на работа во поглед на превозот на патници и на нивниот багаж.

 

Таму каде што важи системот на Варшавската конвенција, можат да се применат следните горни граници на одговорност:

  1. 16.600 специјални права на влечење (приближно EUR 20.000; US $ 20.000) во случај на смрт или на телесна повреда, доколку заедно со Конвенцијата се применува и Хашкиот протокол, или 8.300 специјални права на влечење (приближно EUR 10.000; US $10.000) доколку се применува само Варшавската конвенција. Многу превозници своеволно и целосно се откажале од овие ограничувања на одговорност, а прописите на Соединетите Американски Држави бараат за патувања во Соединетите Американски Држави, од Соединетите Американски Држави или со меѓуслетување во Соединетите Американски Држави, горната граница на одговорност да не биде помала од US $75.000.
  2. 17 специјални права на влечење (приближно EUR 20; US $20) по килограм на чекиран, а изгубен или оштетен багаж или багаж кој не стигнал на време, и 332 специјални права на влечење  (приближно EUR 400; US $400) за нечекиран багаж.
  3. Превозникот исто така може да биде одговорен за последователна штета настаната заради доцнење.

 

Дополнителни информации во поглед на горните граници на одговорност кои важат за вашето патување можете да добиете од превозникот. Доколку вашето патување вклучува повеќе превозници, контактирајте го секој превозник посебно за добивање на информации за важечките горни граници на одговорност.

 

Без оглед на тоа која конвенција се применува на Вашето патување, можете да ја искористите можноста да ја зголемите горната граница на одговорност за изгубен, оштетен или за багаж кој не пристигнал на време, доколку при пријавата за лет поднесете посебна изјава за вредноста на својот багаж и доколку за тоа евентуално платите дополнителна  такса. Освен тоа, доколку вредноста на вашиот багаж е поголема од важечката горна граница на одговорност, багажот би требало во целост да го осигурате пред патувањето.

 

Рок за поднесување на тужба: Секоја тужба до судот за надомест на штета мора да се поднесе во рок од две години од датумот на пристигнување на авионот, или во рок од две години од датумот на кој авионот требало да пристигне. Барања за надомест на штета за багаж: во случај на оштетување, писмено барање мора да се поднесе до авиопревозникот во рок од 7 дена од датумот на прием на багажот, а во случај на доцнење, во рок од 21 ден од датумот на кој багажот му бил повторно ставен на располагање на патникот.

 

Напомена за условите кои преку повикување на истите стануваат дел од договорот

 

  1. Вашиот договор за превоз со превозникот преку кој се одвива летот - било да се работи за меѓународен, домашен или делумно домашен превоз на некое меѓународно патување – му подлежи на ова упатство; освен тоа на него се применуваат и сите напомени или докази на превозникот; потоа општите услови за работење (услови за работење) на поединечниот превозник како и законите, прописите и процедурите (правила) и сите тарифи на кои им подлежи.

 

  1. Доколку вашиот превоз се одвива преку повеќе превозници, условите за работење, прописите и сите тарифи на кои им подлежи, можат да се разликуваат во зависност од превозникот.

 

  1. Условите за работење, прописите и применливите тарифи на поединечниот превозник врз основа на оваа напомена стануваат преку повикување на истите дел од вашиот договор за превоз.

 

  1. Условите за работење покрај другото содржат:

 

    • Услови и ограничување на одговорноста на превозникот во случај на телесна повреда или смрт на патник.
    • Услови и ограничување на одговорноста на превозникот за губење, оштетување или доцнење на роба и багаж, вклучувајќи кршлива и лесно расиплива роба.
    • Правила за декларирање на багаж од поголема вредност и за евентуално плаќање на дополнителни такси.
    • Условите за работење и горните граници на одговорност на превозникот се однесуваат и на дејноста на агентите, помошниците во извршувањето и на застапниците на превозникот, вклучувајќи ги и сите лица кои го снабдуваат превозникот со опрема или му пружаат услуги.
    • Ограничување на одговорноста, вклучувајќи ги и роковите во кои патниците мора да ги истакнат своите барања или да подигнат тужба против превозникот.
    • Правила за реконфирмација или за резервација на авио-билети; рокови за check-in; користење, траење и важење на услугите на воздушниот превоз; и право на превозникот да го одбие превозот.
    • Права на превозникот и ограничување на одговорноста на превозникот за доцнење или за неизвршување на услуга, вклучувајќи измени во планот на летање, префрлање кај алтернативен превозник или на друг авион или на заобиколен лет, и доколку тоа го пропишува важечкото право, обврска на превозникот да ги извести патниците за идентитетот на оперативниот превозник или на заменскиот авион.
    • Право на превозникот да одбие превоз на секој патник кој не се придржува на важечките закони или кој не ги покажал сите потребни патни исправи.

 

  1. Дополнителни информации за вашиот договор за превоз и за тоа како можете да побарате копија од договорот ќе добиете во продажните места во кои се продаваат авио-билети. Многу превозници ги објавуваат овие информации и на своите веб страници. Доколку е тоа пропишано со закон, имате право на увид во целиот текст од вашиот договор за превоз на аеродромот на превозникот и во неговите продажни места, а од секој превозник можете да побарате бесплатна достава на копија по пошта или преку некоја друга доставна служба.

 

  1. Доколку превозникот продава услуги на летање или превзема багаж, но притоа наведува превоз преку друг превозник, тогаш тој го прави тоа само како агент на друг превозник.

 

НЕ МОЖЕТЕ ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТ ДОКОЛКУ ГИ НЕМАТЕ СИТЕ БАРАНИ ПАТНИ ИСПРАВИ, КАКО ПАСОШ И ВИЗА.

 

ВЛАДАТА МОЖЕ ДА ПОБАРА ОД ВАШИОТ ПРЕВОЗНИК ДА ОТКРИЕ ПОДАТОЦИ ЗА ПАТНИЦИТЕ

ИЛИ ДА ДОЗВОЛИ ПРИСТАП ДО ПОДАТОЦИ ЗА ПАТНИЦИТЕ.

 

НЕПРИФАЌАЊЕ НА ПАТНИЦИ ВО АВИОН: Може да се случи летот да е пребукиран, па заради тоа постои и мала опасност од непостоење на слободно место во авионот и покрај тоа што резервацијата ви е потврдена. Во повеќето случаи имате право на надомест на штета, доколку заради настанатите околности ви е ускратено влегување во резервираниот авион. Кога е тоа пропишано со закон, превозникот мора да повика доброволци меѓу патниците пред некому да му ускрати влегување во авион против негова волја. Обратете се до својот превозник во врска со комплетните правила за исплата на надомест на штета (Denied Boarding Compensation - DBC) и во врска со информациите за предностите при влегување во авион.

 

БАГАЖ: Кај одредени видови на предмети може да биде наведена приближна вредност, која е поголема од вистинската вредност на робата. Некои превозници применуваат посебни правила за кршливи, вредносни или лесно расипливи артикли. Распрашајте се кај својот превозник. Чекиран багаж: Превозниците најчесто дозволуваат бесплатен превоз на одредена количина на багаж која самите ја одредуваат, чиј што лимит може да се разликува во зависност од класата и/или рутата. Екстра трошоци може да се наплатуваат за вишокот на чекиран багаж од дозволеното. Проверете кај вашиот превозник. Кабински (нечекиран) багаж: Превозниците најчесто дозволуваат бесплатен превоз на одредена количина на кабински багаж, која самите ја одредуваат и чиј лимит може да се разликува во зависност од класата, рутата и/или типот на авионот. Се препорачува кабинскиот багаж да биде сведен на минимум. Распрашајте се кај својот превозник. Доколку за своето патување користите услуги на неколку превозници, секој од нив може да применува поинакви правила за багаж (како за чекиран, така и за кабински багаж). ПОСЕБНА ОДГОВОРНОСТ ЗА БАГАЖ ПРИ ПАТУВАЊА ВО СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ. За домашни патувања на територијата на Соединетите Американски Држави, сојузните американски закони пропишуваат горната граница на одговорност на превозникот за багаж да изнесува најмалку US$ 3.300,00 по патник, односно да одговара на актуелниот износ кој го пропишува 14 CFR 254.5.

 

ВРЕМИЊА ЗА CHECK-IN. Времето кое е наведено во планот на летот/потврдата е време на полетување на авионот. Времето на полетување не е време во кое морате да се чекирате за летот, ниту е време во кое морате да бидете подготвени за влегување во авионот (boarding). Вашиот превозник може да го одбие вашето влегување во авион доколку касните. Check-in времето, кое го наведува Вашиот превозник, е последното време по кое патникот може да биде примен за патување; времето на влегување во авионот, кое го наведува Вашиот превозник, е последното време по кое патникот мора да се појави за да влезе во авионот. 

 

ОПАСНИ ПРЕДМЕТИ (ШТЕТНИ МАТЕРИИ). Од безбедносни причини, опасни предмети не смеат да се наоѓаат во чекираниот или во кабинскиот (нечекиран) багаж освен ако тоа не е експлицитно дозволено. Опасните предмети ги вклучуваат, но не се ограничени на следните: компримирани гасови, корозивни материи, експлозивни материи, запаливи течности и запаливи субстанции, радиоактивен материјал, оксидирачки материјали, отрови, заразни субстанции и актенташни со вградени алармни уреди. Од безбедносни причини можат да се применуваат и други ограничувања. Распрашајте се кај својот превозник.

 

ОПАСНИ ПРЕДМЕТИ

Немојте да ги пакувате ниту да ги внесувате во авион долу прикажаните предмети без да проверите кај својот превозник.

 

 

НЕ ДОВЕДУВАЈТЕ СЕ ВО ОПАСНОСТ СЕБЕСИ ИЛИ

СВОИТЕ СОПАТНИЦИ.

 

ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ОБРАТЕТЕ СЕ КАЈ СВОЈОТ ПРЕВОЗНИК.

Преводи и други корисни информации се достапни на веб страниците на  IATA:

www.iatatravelcentre.com/tickets

 

 

 

 

 

 

 

Purpose of your stay

Please indicate below the main reason (purpose) of your stay

x (sluit popup)
forgotten?
x (sluit popup)

Departure date

Selecteer een periode
SU MA TU WE TH FR SA
x (sluit popup)